(ФОТО) Хрватска пејачка ја ископира Карлеуша
Од
Објавено на
Српската пејачка Јелена Карлеуша е препознатлива по својата оригиналност и иновативност кога станува збор за облекувањето, па не е чудно што многу нејзини колешки сакаат да изгледаат и да се обелкуваат како неа.
Имено, Карлеуша во август се фотографираше за насловна страница на едно списание, по повод нејзиниот роденден.
Таа позираше во долг бел фустан и во рацете држеше нежно розови балони, додека над неа се протегаше синото небо.
Хрватската пејачка, Маја Шупут, позираше за својот роденден во идентично издание како Јелена Карлеуша. Разликата што се гледа е тоа што Маја се одлучила за краток фустан.