Актуелно

20.000 Македонци ја бодреа македонската репрезентација: Беше импресивно да се види како безусловно се сака Макеоднија

Фудбалска Репрезентација на Македонија упати благодарност за поддршката за македонската репрезентација.

„Од срце упатуваме голема благодарност до сите вас кои дојдовте од сите краеви на Македонија да им дадете поддршка на македонските репрезентативци на Националната арена „Тодор Проески“ на натпреварот против Бугарија.
Беше навистина импресивно да се види како и на дожд, повеќе од 20 илјади луѓе, безусловно ја сакаат и бодрат Македонија. Од првата до последната минута“ велат од ФФМ.

Тие додаваат:

На сите ни е жал што репрезентацијата и покрај големиот напор не успеа на крајот да оствари позитивен резултат, но длабоко сме убедени дека ќе бидеме на највисоко ниво на следните натпревари и одново ќе имаме причина за славје пред полни трибини на Националната арена. До следниот натпревар, #НапредМакедонија ❤️💛.

На почеток