„Го познавам Путин. Кога ќе замисли нешто, тој го прави тоа“, вели Ердоган
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги коментираше плановите на Русија по референдумите одржани во Запорожје, Херсон, Доњецк и Луганск.
Како што изјави, опишувајќи го рускиот претседател Владимир Путин и неговите планови, дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.
Ердоган ја изрази својата загриженост дека овие територии ќе бидат припоени кон Русија.
„Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката до која стигна и дека ќе продолжиме кон дипломатијата“, рече Ердоган, пренесува Anadolu Agency.
Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.
Ердоган во разговор за медиумите изјави дека нуклеарна војна би била катастрофа и дека дипломатијата е најправилниот чекор.
„Трошоците за преминување во нуклеарна војна се катастрофални. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да се изјасниме. Дипломатското решение е најправилно“, рече Ердоган.