Македонија

СДСМ: Преку криминалното владеење Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата

Преку криминалното владеење Груевски и ВМРО-ДПМНЕ вршеа притисок врз администрацијата, а денес институциите работат професионално и ЕУ констатира напредок, велат од СДСМ.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со измислици и лажни наводи избегнувајќи да одговори дали ќе ги повика пратениците да ја почитуваат волјата на над 600.000 граѓани, кои на референдумот, слободно и без притисоци, се одлучија за иднина во ЕУ и НАТО. Што се однесува до администрацијата, факт е дека ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет за оваа тема бидејќи за време на 11-годишното криминално владеење злоупотребите на институциите и притисоците врз вработените во администрацијата беа секојдневие“, велат од партијата.

Времето на таквиот однос кон државните институции и вработените во нив, додаваат од СДСМ, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ од власт.

„Денес, институциите работат професионално, независно, во служба на законите и во интерес на граѓаните. Тоа е препознаено и од Европската Унија, каде што во извештајот од Европската комисија, Македонија првпат е оценета позитивно, со добар напредок во администрацијата. Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат ефикасна, професионална и независна администрација. ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во ќор-сокакот на лаги и измислици“, велат од СДСМ.

Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата, наместо да измислуваат непостоечки теми треба јасно да соопштат дали се за ЕУ и НАТО или против?

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток