Најмалку 25 лица загинаа, а 52 се водат како исчезнати по разорните поплави и лизгање на земјиштето во Венецуела
Најмалку 25 лица ги загубија животите, а 52 се водат како исчезнати во лизгање на земјиштето и поплави во венецуелскиот град Техеирас и околните села, 65 километри јужно од главниот град Каракас, пренесува Ројтерс.
Свлечиштето е предизвикано од активноста на климатскиот феномен Ла Ниња и обилните дождови поради тоа атмосферско нарушување.
Потпретседателката на земјата, Делси Родригез, во неделата посети една од најтешко погодените области, а спасувачките служби се уште работат на пронаоѓање на исчезнати лица, јави Би-Би-Си.
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја опиша ситуацијата како „тешка и болна“.
Околу 1.000 вработени во службите за итни случаи учествуваат во операциите за пребарување и спасување, изјави заменикот на Министерството за цивилна заштита Перез Ампуеда.
Одронот се случил откако реката Ел Пато се излеа и предизвика поплави, кои однесоа неколку куќи и продавници.