Актуелно

Продолжува потрагата по момчето во коритото на Тара

Потрагата по момчето кое исчезна во петокот вечерта во несреќата што се случи во кањонот Тара ќе продолжи и денеска.

Рафтерот Вељко Остојиќ синоќа апелираше до градежните компании да ги прекинат сите работи во коритото на реката Тара за да се зголеми видливоста, за да се бара момчето.

Мајката и едното дете загинаа, едното дете беше извлечено живо истата вечер и хоспитализирано, додека по третото момче се уште се трага. Мртвото девојче вчера било извлечено од кањонот.

Остојиќ во изјава за РТЦГ рече дека бара да се прекине работата на делницата низводно од Колашин.

„Ги замолувам сите компании да ја прекинат работата бидејќи најавуваат дожд, ако врне нивото на водата ќе се зголеми, а тоа ќе ја отежне потрагата. Калта може да го закопа момчето никогаш да не го најдеме. слушнав дека вечерта вадат песок во Подбишќе, работат долу на автопатот и барам да се прекинат сите работи“, рече Остојиќ.

Остојиќ ги покани луѓето, особено од Пљевља и Жабљак, кои се физички подготвени денеска да дојдат и да им помогнат во потрагата по момчето.

На почеток