Магазин

По скандалот со Кевин Харт, Оскарите годинава без водител

Оскарите годинава , прв пат, по 1989 година ќе бидат без домаќин, пренесува „Варајети“. Улогата домаќин на 91. издание ќе ја имаат ѕвезди од А-листата во Холивуд кои ќе ги најавуваат номинираните за разните категории, а воедно и победниците.

Инаку како водител на оскарите беше најавен Кевин Харт, но тој се откажа од водителската улога откако му беше наредено да се извини за „хомофобични“ твитови напишани помеѓу 2009 и 2011 година, кои беа откриени дури откако Академијата реши да го назначи за водител на Оскари 2019.

Номинациите за овогодинешните Оскари ќе бидат објавени на 22 јануари.Доделувањето на наградите е закажано за 24 февруари.

На почеток