Магазин

(ВИДЕО) Откриен радиосигнал од друга галаксија – кој ни праќа сигнали?

Астрономите во Канада примиле мистериозни сигнали кои доаѓаат од далечната галаксија, а нивното потекло се уште не е познато. Помеѓу 13 радио сигнали, кои се забележани со телескоп во канада, се наоѓал и необичен сигнал кој се повторувал.

Точните природа и потекло на радиобрановите не се познати, но астрономите посочуваат на многу необичен повторувачки сигнал што доаѓа од истиот извор, оддалечен 1,5 милијарди светлосни години. Ваков настан досега бил регистриран само уште еднаш, од друг телескоп.
„Знаејќи дека има уште еден, значи дека би можело да ги има и повеќе. Ако имаме повеќе повторувачки сигнали и извори за проучување, би можеле полесно да ги разбереме овие космички загатки, од каде доаѓаат и што ги предизвикува“, изјави Ингрид Стерс, астрофизичар од Универзитетот Британска Колумбија.

Опсерваторијата ЧИМЕ се состои од четири 100 метри долги и полуцилиндрични антени, кои го скенираат целото северно небо секој ден.

На почеток