Магазин

Снег веел 105 дена – скопјанец ја носел сопругата на раце до болница за да се породи

Неколку настани кои му се случиле на Скопје ќе останат запаметени, и истите ќе се раскажуваат на генерации. Прв спомен кога ќе се кажа Скопје е разорниот земјотрес кој се случи во 1963 год. пото поплавата во 1962 , како и Чудниот снег кој веел 105 дена без престан.

Во Скопје под чудни околности во 1955/56 година без престан паѓало снег 105 дена, за оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку се сеќаваат старите жители. Радијата секојдневно најавувале нови паѓања на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56.

И покрај тоа што секојдневно се чистел снегот по улиците, следниот ден имало уште повеќе, затоа што снегот не престанувал да паѓа. Таа зима никогаш нема да ја заборави ни дедо Благоја кој неговата сопруга ја носел на раце се до болницата во Драчево, за да се породи. Во таков снег се родила нивната ќерка.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток