Свет

Ракетниот систем ХИМАРС свртен кон руската граница

Министерството за надворешни работи на Руската Федерација соопшти дека реагирале до јапонската амбасада во врска со заедничките јапонско-американски воени вежби.

За време на овие вежби беа истрелани проектили од ракетните системи ХИМАРС во близина на руската граница.

„Сметаме дека воените вежби што се одржаа оваа недела се предизвик за обезбедување на безбедноста на регионот на Далечниот Исток на нашата земја и инсистираме на итно прекинување на таквите акции“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс. Министерството наведува дека и јапонската страна е предупредена за можни контрамерки.

Копнените сили за самоодбрана на Јапонија и американските маринци спроведоа заедничка вежба во понеделникот, симулирајќи ја одбраната на оддалечените острови на полигонот во Хокаидо, користејќи го повеќецевниот ракетен систем HIMARS, објавија претходно јапонските медиуми.

Системите HIMARS беа доставени од САД во Украина како дел од голем пакет воена помош. Руските власти постојано протестираа поради испораката на ова оружје во Киев, потсетува Ројтерс.

На почеток