Скопје

Лицата вработени во царинската управа кои го посетија Груевски, прераспределени на други работни места

Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, нодамна изјави дека еден од двајцата посетители на Никола Груевски, во Будимпешта, е кривично пријавен, односно дека Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе отворило истрага, но оваа изјава на директорот не ја поткрепуваат од јавното обвинителство.

Тие велат дека во моментов, не се во можност да ги потврдат изјавите, но дека со поконкретни информации за случајот ќе излезат во наредните неколку дена. Додека јавното обвинителство собира докази , царинската управа си ја заврши својата работа. Тие извршиле прераспределба на други работни места на двајцата вработени кои го посетија Груевски во Будимпешта. Имено, општинскиот советник, во Општина Гази Баба, Александар Трајковски, кој, како што е познато е обвинет во предметот „Насилство во Општина Центар“, е прераспределен од архивар во магацинер.

За другиот пак посетител на Груевски од царинската управа велат дека заради одредени специфичности на работното место каде беше претходно е преместен на друго работно место, без да прецизираат на кое.

Царинската управа не го соопштуваат името на другиот гостин на Груевски, но неофицијално се работи за братот на личниот возач на Никола Груевски, Трајан Милошевски

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток