Актуелно

Во куќата на Трамп пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран

Во куќата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп се пронајдени чувствителни информации за Кина и Иран.

Високочувствителните разузнавачки информации за Иран и Кина се содржани во некои документи што ги пронашло ФБИ за време на августовскиот претрес на домот на поранешниот американски претседател во Флорида, објави денеска „Вашингтон пост“, цитирајќи луѓе запознаени со ова прашање.

Станува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина, а барем еден од нив се однесува на ракетната програма на Иран, пренесува „Ројтерс“.

Објавувањето информации од документите би донело повеќекратни ризици, вклучително и загрозување на луѓето кои ја помагаат работата на американските разузнавачки служби, цитира американски експерти.

Министерството за правда истражува дали Трамп го прекршил законот земајќи владини документи откако ја напушти функцијата во 2021 година, вклучително и околу 100 доверливи документи што ги преселил во својот имот на Флорида.

На почеток