Актуелно

Откриено кој ќе ја игра Марија Калас; „Ќе дадам се од себе“

Како што пренесува „Гардијан“, една од најдобрите оперски пејачки досега, Марија Калас, ќе ја игра Анџелина Џоли во новата драма на чилеанскиот режисер Пабло Лараин.

Бурната, трагична и убава приказна за животот на најголемата оперска пејачка во светот ќе биде раскажана преку сценариото на креаторот на серијата „Peaky Blinders“ Стивен Најт, кој последен пат соработуваше со Ларејн на драмата за принцезата Дијана „Спенсер “, а главната улога ќе ја има Анџелина Џоли.

„Ја земам многу сериозно одговорноста верно да го пренесам животот и наследството на Марија“, рече таа.

“Ќе дадам се од себе да одговорам на предизвикот. Пабло Ларејн е режисер на кој долго време му се восхитувам. Можноста да ја раскажам приказната на Марија со него преку сценариото на Стивен Најт е навистина сон”, додала таа.

Режисерот Пабло Ларајн смета дека ова е остварување на сонот.

„Да имам можност да ги спојам двете мои најдлабоки и најлични страсти, киното и операта, беше долгоочекуван сон“, додаде Лареин. „Да го направите ова со Анџелина, исклучително храбра и љубопитна уметница, е фасцинантна можност. Вистински подарок“.

Како и дали Анџелина Џоли ќе успее да одговори на големиот актерски предизвик и верно да ја претстави најголемата оперска пејачка на сите времиња, останува да видиме.

На почеток