Нова опција на WhatsApp која ќе им се допадне на многу корисници
Во април WhatsApp додаде можност за реагирање на пораки, а оттогаш се очекува и опцијата за реагирање на Статус на WhatsApp. Споменатата функција сега е конечно достапна.
Популарната апликација за пораки објави ажурирање за корисниците на Android и iOS, што ја овозможува опцијата „Статусни реакции“. Ова е слично на тоа како реагираат корисниците на Инстаграм Stories или Facebook Stories.
Засега има осум опции за емотикони од кои можете да изберете за реакцијата. Станува збор за емоуџи – со очи во облик на срце, смајли што плаче од смеа, изненадено смајли, плачење, како и емотикони „висока петка“ или споени раце, плескање раце, “Party Popper” и 100 поени.
Опцијата наскоро треба да биде достапна за сите. Се очекува WhatsApp наскоро да им дозволи на корисниците да реагираат на статусот на WhatsApp со какви било емотикони.