Актуелно

Зеленски и новиот британски премиер се согласија за потребата да се продолжи да се врши притисок врз режимот на Путин

Британскиот премиер Риши Сунак му вети на Володимир Зеленски дека за време на неговиот мандат, поддршката на Велика Британија за Украина ќе биде цврста и силна како и секогаш.

Ова го изјави портпаролот на Даунинг стрит.

Според портпаролот, британскиот премиер рекол дека Зеленски може да смета на континуираната солидарност на неговата влада, пренесе Ројтерс.

„Двајцата лидери се согласија за потребата да се продолжи да се врши притисок врз варварскиот режим на Путин преку континуирани економски санкции… (Сунак) рече дека се надева дека наскоро ќе се видиме лично“, рече портпаролот на Данинг Стрит.

На почеток