Магазин

Шпанија ги промени условите за влез, постави нови правила поврзани со Ковид

Шпанија е меѓу последните европски земји што ги укина патните ограничувања поврзани со пандемијата. Шпанија сака да ја усогласи својата политика со онаа на речиси сите други земји од ЕУ кои веќе ги отстранија сите ограничувања кога станува збор за коронавирусот.

Шпанија ги укина сите ограничувања за патување. Сите меѓународни патници кои доаѓаат надвор од ЕУ или Шенген зоната повеќе не треба да имаат никаков документ. До неодамна им беше неопходен доказ за вакцинација, доказ за прележан ковид или негативен тест.

Позитивниот тренд на вакцинација на глобално ниво овозможи да се укинат ограничувањата. Дополнително, намалениот број на случаи на сериозни болести најави крај на сите ограничувања во повеќето европски земји. Некои од земјите кои исто така ги укинаа ограничувањата за патување се Обединетото Кралство, Грција, Италија, Франција и Исланд.

Од остатокот од светот, Австралија, Нов Зеланд и Канада, земји кои одржуваа особено строги протоколи за време на пандемијата, исто така ги укинаа своите ограничувања. Овие земји се целосно отворени за сите меѓународни патници.

Ваквата одлука е особено важна, имајќи предвид дека Шпанија е една од земјите кои годинава ги сруши речиси сите туристички рекорди.

На почеток