Магазин

Соборен е рекорд во целиот свет: Бројот на патници скокнал за 69 отсто

Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) соопшти дека во првите шест месеци од годинава бројот на патници во воздушниот сообраќај е зголемен за 69 отсто, јавува Anadolu Agency.

Од 22 до 28 во Маракеш се одржува годишниот конгрес на Меѓународниот совет на аеродроми, а претседателот на советот Луис Фелипе де Оливеира во оваа прилика соопшти дека бројот на патници во авиосообраќајот во првите шест месеци достигнал три милијарди.

Оливеира додаде дека зголемувањето е поврзано со летниот период од 2022 година и посочи дека тоа се одлични резултати кои доаѓаат по ограничувањата на Ковид поради пандемијата која започна пред две години.

Тој посочи дека бројот на патници кои користеле авиосообраќај во првата половина од годинава е зголемен за 69 отсто, а се повика и на претпоставките за крајот на годината.

Патувањето беше меѓу најпогодените полиња од пандемијата на Ковид 19 во 2020 година. Претпоставките на Меѓународната агенција за воздушен транспорт (ИАТА) се дека последиците ќе бидат видливи до 2026 година.

На почеток