Магазин

Samsung има опција која го блокира пристапот до податоци кога телефонот се сервисира

Откако функцијата “Maintenance mode” најпрво беше достапна во Кореја од јули, а потоа и во Кина, Samsung сега ја прави глобално достапна.

“Maintenance mode” му овозможува на корисникот да го блокира пристапот до неговите лични податоци на телефонот, кога уредот се сервисира.

Овозможувањето на “Maintenance mode” започнува со избрани модели на телефони од сериите Galaxy S21 и S22, кои го користат најновиот софтвер One UI 5. Функцијата ќе продолжи да се испорачува во текот на 2023 година и ќе се прошири на повеќе Galaxy уреди.

Оние кои имаат уред што може да ја користи оваа функција ќе ја најдат во Settings > Battery > device care. Откако ќе се вклучи “Maintenance mode” и ќе се рестартира уредот, сите лични информации на корисникот ќе бидат недостапни за лицето што го поправа телефонот. Нема да биде возможен ниту пристап до инсталираните апликации.

Податоците и сметките што се создаваат додека телефонот е во “Maintenance mode”, како и апликациите преземени од Galaxy Store, ќе се избришат кога ќе излезете од овој режим.

На почеток