Магазин

(ВИДЕО) Најголемиот крузер во светот ќе заплови во 2024 година: Ќе има свој водопад и модерна роботика

Крузерот „Icon of the Seas“ е најголемиот во светот. Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024 година. На посетителите им се нудат бројни базени, водопади и тематски паркови.

Компанијата „Royal Caribbean“ откри детали за својот најголем брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“. Тоа ќе биде најголемиот брод за крстарење со неверојатна понуда на различни удобности за сечиј вкус.

Дел од бродот е дизајниран како Централ Парк. Ќе има водопад висок 16 метри, решетки, тобоган, кино, караоке и огромна тераса. Крузерот е 250.800 тони, долг е 365 метри и три метри подолг од крстаречкиот брод „Cuda Mora“, кој моментално е најголемиот во светот.

Може да прими 7.600 патници и 2.350 членови на екипажот. Има 2.805 кабини и е фокусиран на семејните одмори. Посетителите ќе можат да уживаат во луксузните семејни кабини и апартмани.

На врвот на бродот за крстарење се наоѓа AquaDome, кој преку ден ќе има сопствен водопад и поглед на океанот, а навечер ќе се претвори во центар за забава со ресторани, барови и ревии.

Бродот ќе биде опремен со најсовремени технологии, вклучувајќи модерна роботика.

„Од моментот кога посетителите влегуваат во бродот за крстарење, секое нивно движење е дизајнирано да им го понуди најдобриот одмор. Пред се, „Icon of the Seas“ е наменет за семеен одмор“, рече Џејсон Либерти, претседател и извршен директор на Royal Caribbean Group.

На почеток