Канје Вест се врати на Твитер
Од
Објавено на
Инстаграм и Твитер профилите на раперот Канје Вест беа заклучени со недели поради антисемитски изјави. Сепак, само неколку часа откако Илон Маск го презеде Твитер, профилот повторно стана активен.
Набргу по преземањето на Твитер, Илон Маск напиша „Птицата е слободна“ алудирајќи на симболот на оваа позната социјална мрежа.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека му е мило што Твитер е во „рацете на разумот“.