Свет

Бугарија може да го стави своето вето во која било фаза, вели Јотова

Скопје и Софија имаат уште многу проблеми за решавање, a Бугарија може да стави вето во кое било време, вели бугарската потпретседателка, Илијана Јотова.

Таа вели дека Бугарија требало појасно да ги објасни своите историски аргументи во спорот со Македонија. Бугарската потпретседателка го спомена бројот на македонски граѓани кои поседуваат бугарски државјанства. Јотова, како што пренесе БНР, го информирала хрватскиот претседател Зоран Милановиќ околу резервираноста на Бугарија да даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за членство во Европската Унија(ЕУ).

„Со оглед на пописот во Македонија, и со состојбата дека се издадени 95 илјади официјални документи за бугарско државјанство, мал број луѓе се осмелија да се попишат како Бугари“, изјавила Јотова.

„Бугарија може да го стави своето вето во која било фаза доколку не се исполнат клаузулите од нашите договори и првата меѓувладина конференција и ако договорот за добрососедство од 2017 година се покаже како само празен текст. Се надевам дека нема да дојде до тоа Се надевам дека и нашите колеги од РСМ сфатија колку беше тешко да се донесе оваа одлука и колку брзо и кревко може да се покаже“.

На почеток