Актуелно

Најмалку 98 лица загинаа во тропска бура на Филипините

Најмалку 98 лица загинаа во тропската бура Налга на Филипините.

Повеќе од половина од смртните случаи се регистрирани во јужниот регион Бангсаморо, најмногу поради лизгање на земјиштето предизвикано од дожд, соопшти националната служба за итни случаи, пренесе Ројтерс.

Според извештаите, повеќе од 60 лица се водат како исчезнати, додека 69 се повредени.

Во регионот Бангсаморо загинаа 53 лица, а 22 се водат како исчезнати. Штетата на инфраструктурата поради обилните дождови и силните ветрови се проценува на 13 милиони долари.

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор денеска ќе изврши воздушна проверка за да ја види причинетата штета.

Ќе лета над потопените села во провинцијата Кавите, во близина на главниот град Манила.

Тропската бура, која доживеа пет пати на копно, се очекува подоцна денеска да ги напушти Филипините и да се упати кон јужна Кина.

На почеток