Свет

Лула де Силва трет пат победи на претседателските избори во Бразил

Врз основа на 100 отсто преброени гласови, на претседателските избори победи левичарот Луис Игнасио Лула да Силва со 50,9 отсто од гласовите.

Да Силва веќе беше на чело на Бразил.

Актуелниот шеф на државата, десничарот Заир Болсонаро, освои 49,1 отсто од гласачите, објавено е на веб-страницата на Врховниот изборен суд.

Инаугурацијата на Лула (77) ќе се одржи на 1 јануари 2023 година, објави Ројтерс. Лула, во говорот во неделата вечерта, рече дека ќе ја обедини поделената земја и ќе им обезбеди на Бразилците „да го спуштат оружјето што никогаш не требаше да го земат“ и повика на меѓународна соработка за да се зачуваат амазонските прашуми и да се направи глобалната трговија поправедна. „Ќе владеам за 215 милиони Бразилци, не само за оние кои гласаа за мене. Нема два Бразила. Ние сме една земја, еден народ, една голема нација“, рече Лула.

Лула пристигна на митингот во Сао Паоло нешто по 20 часот по локално време мавтајќи од покривот на својот автомобил, додека воодушевените поддржувачи го чекаа, извикувајќи слогани за поддршка.

На почеток