Актуелно

Турција со критики за Грција: „Нечесна и неискрена“

Турција денеска ја критикуваше Грција за нејзиниот наводен „нечесен и неискрен“ пристап кон прашањата на Егејското Море и Источниот Медитеран.

Говорејќи на настан организиран од Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања во Анкара, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека Атина го блокира патот до правдата за постоечките прашања, јави Анадолија.

Запрашан за тврдењата дека Грција наводно подготвува напад врз Турција, Чавушоглу оцени дека тоа би значело дека Атина „го загубила здравиот разум“.

Наведувајќи дека Атина добро знае што значи да се спротивстави на Анкара, министерот ја потсети Грција „да не гледа кој e позади, туку со кој се соочува“.

На почеток