(ВИДЕО) Русковска јавно призна дека власта ја отпишала: А опозицијата никогаш не ме запиша
Во дебатата на „А1он“, кандидатите за шефови на ОЈО-ГОКК си ги судрија ставовите. Меѓу нив, Вилма Русковска, која беше и досегашна шефица и ги водеше предметите „27 април“ и „Рекет“ кажа дека позицијата ја отпишала. Ова е реченица за која целата јавност говори во изминативе 24 часа. Со оглед дека обвинилската функција е независна, непознато е како таа била запишана во, да речеме, тефтерчето на власта.
Изјавата е на 33 минута:
„Јас знаете што реков кога почнав актуелни функционери да гонам имаше една реченица во среќна нова 49, легендарна реченица и секогаш ја споменувам вели „истокот не отпиша, запад не нѐ запишува“. Значи мене опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша. Видете јас веројатно стоеле позади мене, пример, при изборот во 2018. Не знам што очекувале“, рече Русковска во дебатата на „А1он“.
Таа открива и други детали. Русковска се претстави како безгрешна.