The American Conservative: Замката што НАТО и ЕУ му ја поставија на Путин пропадна
Замката што Северноатлантската алијанса и ЕУ му ја поставија на рускиот претседател Владимир Путин пропадна, пишуваат аналитичарите на весникот The American Conservative.
Згора на тоа, според експертите, во оваа замка паднале и самите НАТО и ЕУ.
Западот започна голема економска војна против Русија.
Иако ЕУ сè уште има простор да изврши притисок врз руската економија, недостатокот на договор меѓу земјите од ЕУ го отежнува воведувањето нови санкции кон Русија, пишува El Pais.
Како што забележува весникот, Брисел сè уште може да дејствува во области како што се рускиот извоз на ураниум, дијаманти, нафта и гас, надевајќи се дека санкциите сепак ќе ја погодат Москва на среден и долг рок.
Земјите како Германија и Холандија веруваат дека следните чекори треба да се преземат со голема претпазливост со цел да се задржат картите против Русија и да се зачува единството на ЕУ.