Хари Стајлс прв на листата на најбогати млади луѓе, а зад него е Дуа Липа
Како што е познато дека младите генерации работат многу, се трудат многу, познато е и дека се добро платени за тоа. Оваа листа го потврдува тоа.
Хари го направи своето богатство преку неговата кариера и неговиот последен многу успешен албум. Албумот содржи хит кој помина шест недели на врвот на топ листите во Велика Британија. Глумеше и во холивудски филмови и се појавуваше во реклами. Неговото богатство се проценува на 116 милиони фунти.
На второ место се најде пејачката Дуа Липа со заработка од 69,1 милиони фунти. Таа оваа заработка ја оствари со албум и светска турнеја годинава, со што за само два месеци заработи 35 милиони фунти.
Третото место и припадна на манекенката Кара Делевињ. Нејзината заработка од 63,8 милиони фунти е резултат на соработката со Barbary, Rimmel, Chanel и Puma, а нејзината компанија Cara & Co минатата година оствари профит од 7,2 милиони фунти.
Ова е топ-листата на британски богаташи до 30 години:
1. Хари Стајлс, 28 (116 м.)
2. Дуа Липа, 27 (69,1 м.)
3. Кара Делавињ, 30 (63,8 м.)
4. Нил Хоран, 29 (58,4 м.)
5. Луис Томлинсон, 30 (48,3 м.)
6. Лиам Пејн, 29 (47,4 м.)
7. Зејн Малик, 29 (38 м.)
8. Сем Смит, 30 (37,8 м.)
9. Дејзи Ридли, 30 (36,1 м.)
10. Џон Бојега, 30 (28,8 м.)