Магазин

Твитер го одложува почетокот на наплатата за проверени профили

Твитер ќе го одложи почетокот на наплатата за месечната услуга за проверка на профилот од 7,99 долари.

Оваа одлука е одложена, но ќе биде воведена по изборите во САД на 8 ноември, објави „Њујорк тајмс“, пренесе Ројтерс.

Твитер во саботата објави дека лансира услуга за претплата од осум долари месечно, која вклучува добивање на синиот знак што го имаа досега проверените профили, бидејќи новиот сопственик Илон Маск започнува со ремонт на системот за верификација на платформата.

На почеток