Скопје

Општина Кисела Вода почна со санација на улицата Студеничанска во село Драчево

Општина Кисела Вода почна со санација на улицата Студеничанска во село Драчево.
Од Општината соопштија дека со градежните зафати ќе се изврши целосно гребење на асфалтот и тој ќе биде заменет со нов слој, а на другиот дел ќе се изврши крпење на ударните дупки. Покрај ова, на улицата ќе се постават и легнати полицајци, со што ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Активностите на терен ги изведува фирмата „Изолација“ ДОО. Увид во работните активности изврши градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, при што оствари и средби со жители од селото.
Локалната самоуправа вчера почна и со активности за санација/крпење на ударните дупки на улиците во село Усје.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток