Свет

Крузер закотвен во Сиднеј со 800 патници заразени со коронавирус

Крузер со неколку стотици патници заразени со коронавирус се закотви во Сиднеј.

Австралиската министерка за надворешни работи, Клер О’Нил, денеска објави дека протоколите за ковид се соодветни.

Бродот за крстарење се закотви во Сиднеј, а на него имало околу 800 луѓе, од кои повеќето биле позитивни на корона вирусот, соопшти компанијата „Карневал Австралија“, пренесува Ројтерс.

Здравствените власти на државата Нов Јужен Велс објавија дека е на сила заканата од „трето ниво“, односно постои висок ризик од зараза.

На патниците им била укажана соодветна медицинска помош.

На почеток