Свет

Шолц објасни: Зошто Германија не воведе санкции за рускиот гас?

Германија не воведе санкции за рускиот гас бидејќи беше свесна дека многу земји зависат од испораките на тој извор на енергија од Русија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

„Не воведовме санкции за гасот. Ниту Германија, ниту ЕУ, ниту земјите од Г7 воведоа санкции“, изјави тој за ТВ НДР и додаде дека тоа е направено намерно бидејќи Берлин знае колку земји зависат од испораката на руски гас и тоа им создава тешкотии, пренесува Спутник.

„Половина од гасот го добивавме од Русија, другите се зависни од 80-90 проценти и така настанаа историските околности, бидејќи тие земји се уште се на исток и нивната инфраструктура е таква“, рече Шолц.

Во овој момент воопшто не доаѓа руски гас во Германија, изјави германскиот канцелар, додавајќи дека Германија ја предвидела оваа ситуација и ги наполнила складиштата на гас со диверзификација на изворите на енергија.

Во интервју за РДН, Шолц рече дека не дозволува никакви критики да го спречат да одржува дијалог со рускиот претседател Владимир Путин.

Тој изјави и дека дипломатско решение на конфликтот во Украина во моментов не е можно.

„Сите сакаме да заврши конфликтот и да има мир, тоа беше тема на моите разговори со претседателот на Русија цело ова време“, рече тој.

Во тој контекст, тој потсети дека во февруари во Москва разговарал со Путин, кој потоа побарал во Украина да нема ракети кои би биле закана за Русија и да се исклучи можноста за членство на Украина во НАТО.

На почеток