Студирање во светот vs во Македонија: Бесплатни оброци, слободно време, без бркање на професори
Младинското движење на студентите „Студентски отпор“ за денеска во 16 часот најави мирен протест пред Собранието под мотото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“.
Во врска со оваа тема се огласи и корисник на твитер кој направи споредба помечу студирањето во Македонија и студирањето во Словенија.
„Да кажам нешто на темата “во цел свет студентите работат само кај нас чекаат од државата” после 5 години студирање во “светот” кој го зборите:
1. Во Словенија сите словенци кои ќе упишат факс земаат стипендија од државата.
2. Студентски бонови – бесплатна храна. Бесплатна храна/храна во ресторани за смешни цени. Сите студенти имаме право на ова.
3. Имаме време да работиме бидејќи не одиме на факултет по 5 пати во 3 дена да го бркаме професорот за потпис кој рекол дека ќе биде во кабинет а не е.
4. Не губиме саати и саати во расправање на студентски прашања и трчање по институции по документи.
5. Работиме за 7 евра/саат во кафич, пријавени, додека во Мк е 1,5 евра саат и затоа ни се исплати да работиме.
Земете ги овие ствари во предвид пред да јадете г*мна. Фала“, стои во објавата.
Да кажам нешто на темата "во цел свет студентите работат само кај нас чекаат од државата" после 5 години студирање во "светот" кој го зборите:
1. Во Словенија сите словенци кои ќе упишат факс земаат стипендија од државата.
2. Студентски бонови – бесплатна храна 1/3— Теа (@TeaVelk) November 13, 2022