На прослава се дозволува се, па дури и во законодавниот дом. Оние кои ги носат законите и кои први треба да ги почитуваат, очигледно прават отстапки.
На денешната прослава по собраниската седница на која беа изглесани уставните имени, покрај пијалок се запали и цигарче но и пура.
Само за потсетување Владата во 2017 правеше измани во закон за пушење. Според новиот закон , не смее да се пуши во локалите каде се служи храна, а дали ќе се пуши во кафулињата ќе одлучат самите угостители. Тие одлучуваат да изберат дали сакаат во нивниот локал да се пуши и за тоа да платат лиценца или ќе останат на сегашното решение, пушењето и понатаму да биде забрането кај нив.
Така е во кафулињата. А како е во законодавниот дом. Сега засега знаеме дека има налепници насекаде дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПУШИ. Но, за кого важат овие предупредувања?