Актуелно

Маск му го врати на Твитер профилот на Трамп: „Народот го кажа своето“

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, повторно го активираше профилот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Профилот на Трамп беше укинат од претходното раководство на таа социјална мрежа по немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.

Претходно Маск објави анкета дали профилот на Трамп треба повторно да се активира.

„Народот го кажа својот збор. Профилот на Трамп ќе биде отворен. Vox populi, vox dei (гласот на народот е гласот на Бога)“, напиша Маск на Твитер.

По конечните резултати од анкетата на Маск, во која учествуваа 15 милиони луѓе, 51,8 отсто гласаа за враќање на профилот на Трамп, а 48,2 отсто беа против.

Профилот на Трамп е активна од денеска, но поранешниот американски претседател не се огласува на оваа мрежа откако беше забранета, односно од 8 јануари 2021 година.

На почеток