Македонија

Дурловски: После ова ќе се обединиме сите посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!

Откако 81 пратеник кренаа два прста и Македонија стана Северна, на својот фејсбук профил се огласи Игор Дурловски. Тој напиша:

„После оваа агонија, смртта ќе ги одвои телото и духот на татковината. Телото ќе се распаѓа, а духот ќе стане #светлина. Ќе се обединиме сите кои живееме во верба и надеж, посилни и сплотени во ИДЕЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА!“

Инаку оперскиот пеач Игор Дурловски не прифати амнестија, тука рече дека ќе ја докажува својата невиност.
Во моментот кога му беше понудена амнестија неговата првата реакција, во замена гласање за договопрот со Грција за северна МАкедонија тој напиша:

„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе”, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, Македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!“

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток