Свет

(ВИДЕО) Масовно пукање во трговски центар во Вирџинија, има загинати, полицијата итно реагираше

Во престрелката што се случила синоќа во трговски центар во американската сојузна држава Вирџинија, неколку лица се убиени и ранети.

Полицијата соопшти дека напаѓачот е убиен.

„Полицијата на Чесапик го потврдува инцидентот со огнено оружје на Семс Трејл Волмарт и неколку жртви. Напаѓачот е меѓу жртвите“, се вели на Твитер профилот на градот Чесапик, според Ројтерс.

Официјалните лица не можеа да дадат точен број на загинатите и ранетите. Сепак, портпаролката на градот Елизабет Вон рече дека полицијата известила дека има „помалку од 10“ смртни случаи.

На почеток