Актуелно

Нападната американска база

Две ракети паднаа синоќа во близина на американската патролна база во североисточна Сирија, но нема повредени или материјална штета, соопшти американската војска.

Сириската демократска партија, која ги поддржува Соединетите Американски Држави, го посети местото од каде што беа истрелани проектилите и пронашла трета, неиспукана ракета, додаде американската војска, пренесува Ројтерс.

Базата се наоѓа во градот Аш-Шадади во Сирија.

Пентагон го осуди ракетниот напад врз американската база.

„Напади од овој тип врз локациите на коалициските сили и локациите каде што цивилното население ја поткопува тешко стекнатата стабилност и безбедност на Сирија и регионот“, изјави поранешниот портпарол на Пентагон, полковник Џо Бучино, објави весникот „Хил“.

На почеток