„Бугарија се соочува со драматична политичка криза, зависна е од Русија“
Ивор Мицковски, новинар, коментирајќи ги состојбите во регионот и светот, посочува дека Бугарија се соочува со криза, бидејќи е зависна од Русија.
Неговиот коментар во целост:
„Бугарија се соочува со драматична политичка криза, зависна е од Русија, од криминална и недемократска власт, меѓународно и во рамки на ЕУ е изолирана и тргната настрана. Само нашите власти се договорија нашите квазипреговори да зависат од волјата на Софија и да им дадат на нивните корумпирани политичари запалив материјал за одржување каков-таков внатрешен консензус.
Уствари, кај сме за нигде и не правиме ништо корисно за себе, им правиме плус и услуга на отфрлените и непосакувани бугарски криминалци на власт. Ние извезуваме корупција, криминал и неспособност“.