Земјотрес кај Столац, почувствуван и во Црна Гора


Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Столац во БиХ нешто по полноќ.
Според податоците на Федералниот хидрометеоролошки завод, земјотресот се случил во 12 часот и 12 минути, со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала.
Според првичните податоци, епицентарот на овој земјотрес бил лоциран на длабочина од шест километри, а бил почувствуван и во Црна Гора.
„Врз основа на теоретскиот модел на макросеизмичкото поле на овој регион, магнитудата на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, соопшти Институтот за сеизмологија, пренесува РТЦГ.
