Свет

„Побаравме поддршка од Путин“, вели Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган побара поддршка од рускиот претседател Владимир Путин.

„Побаравме поддршка (од Путин) за да донесеме заеднички одлуки, а можеби и заеднички акции за да преземеме чекори заедно овде (во северна Сирија), рече Ердоган на прес-конференција во Анкара, додавајќи дека Турција нема да бара ничија дозвола за спроведување копнена воена акција на северот на Сирија, пренесува Ројтерс.

На 20 ноември Турција започна воздушни напади врз позициите на припадниците на курдската милиција ИПГ и членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК) во северна Сирија, а по терористичкиот напад на 13 ноември во центарот на Истанбул, во кој шест лица беа убиени.

Покрај воздушната операција, Ердоган најави и копнена операција доколку биде потребно.

На почеток