Дојава за бомба во училиште во Србија
Од
Објавено на
На електронската адреса на Првата гимназија во Крагуевац, Србија утринава пристигна предупредување дека во близина на училиштето се поставени експлозивни направи.
Раководството на училиштето веднаш реагирало и ги известило родителите на учениците кои го посетуваат ова средно училиште, пренесува инфоКГ.
Тие информираа дека учениците од прва смена не доаѓаат на настава додека управата на училиштето не ги извести дека е безбедно да дојдат.