Македонија

Жерновски се сретна со специјалниот претставник на Канцеларијата на ОН во Македонија, Лујза Винтон

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, ја прими Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија.

Состанокот беше во функција на информирање и консултации во однос на престојното 73.  Генерално собрание на Обединетите нации, кое ќе се одржува во Њујорк од 24 до 28 септември оваа година, а на кое Жерновски ќе ја претставува Република Македонија како дел од македонската делегација.

Винтон ги посочи заедничките предизвици во поглед на борбата против радикализацијата на насилен екстремизам и тероризам, профелирација на оружје за масовно уништување како закана за светската безбедност, потребата за заедничка акција за подобрување на човековите права и промоција на дијалогот како средство за разбирање и соработка помеѓу нациите.

Жерновски истакна дека Македонија е силен подржувач на мултилатерализмот и дека ќе работи со сите земји членки на Обединетите нации со цел да се заштитат човековите права, да се подобри безбедноста и да се зачува мирот во светот.

На состанокот стана збор и за актуелните внатрешно-политички состојби, текот на домашните реформи и надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, со акцент на  актуелностите поврзани со спроведувањето на претстојниот референдумот.

„Убеден сум дека граѓаните ќе ја препознаат сериозноста на одлука пред која сме исправени, а со приближување на денот на референдумот, поддршката за евро-атлантската иднина на земјава ќе расте сѐ повеќе”, потенцираше Жерновски на состанокот.

„Ова е неповторлива шанса и сите обединети мора да се вложиме за да ѝ помогнеме на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нашите аспирација за членство во ЕУ и НАТО”, заклучи Жерновски на состанокот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток