Актуелно

Сашо велемајсторски: Од 21,5 години затвор, избришани 20 години!

Сашо Мијалков, ексдиректор на УБК, беше осуден на 21,5 години затвор. Но, пресудите беа укинати односно „паднаа како крушки“.

Па така, за случајот „Таргет-Тврдина“ Апелацискиот суд му ја укина на Сашо Мијалков затворската казна од 12 години.

Претходно на Мијалков му беа скратени и 8 години затворска казна пресудена за „Трезор“.

Апелација ги укина пресудите за „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ заради „суштествени повреди на постапката“

Моментално на Мијалков му останува активна само казната од 1 година и 3 месеци за предметот „Плацеви на Водно“.

На почеток