Македонија

Денеска сите во Вевчани – започнува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги отсликаат случувањата во изминатата година денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2019 година“.

Традиционачно од маските први поминуваат зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавиот Август, но она што ги прави специфични вевчанци е тоа што ќе го искреираат двете василичарски друштва Горна и Долна маала за остантите маски, а се однесува на случувањата во изминатите 12 месеци.
Специфично за овој карневал е тоа што до последен момент, до дефилето не се откриваат маските.

Градоначалникот Сашо Јанкоски информира дека патот до Вевчани и улиците низ населбата се чисти и сместувачките капацитети се исполнети.

Инаку Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството. Задолжителни елементи се зетот и невестата кои се симбол на плодноста и продолжувањето на семејството, двата ѓавола, кои се олицетворение на злото и двајцата глупави Августи, кои ги штитат од злото. Со манифестацијата се одбележува христијанскиот празник Св. Василиј Велики или доаѓањето на новата година по стариот, Јулијанскиот календар.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток