Путин ја посети зоната на „специјални воени операции“, разговараше со командантите
Кремљ утрово потврди дека рускиот претседател Владимир Путин ја посетил зоната на специјални воени операции и дека разговарал со командантите на руските сили, пишува весникот „Росијска газета“.
Пратеникот на Државната дума Андреј Гуруљов на „Телеграм“ напиша дека Путин ја посетил зоната на специјалната воена операција.
– Ако се мисли на штабот каде што беше Путин на крајот на неделата, тогаш одговорот е да – изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на Гуруљов.
Кремљ на крајот на неделата објави видео од средбата на рускиот претседател со офицери и генерали, а на средбата присуствуваа и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, како и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.