Приштина: Три лица се повредени од заскитани куршуми на новогодишната ноќ

Од
Објавено на

Три лица се повредени од заскитани куршуми за време на новогодишната прослава, меѓу кои и едно 15-годишно девојче, јавуваат приштинските медиуми.
Повредените се примени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Приштина, јавува Репортери.
Дежурниот лекар изјавил дека се примени 11 лица повредени со пиротехника и дека главно се работи за повреди на горните екстремитети.
Има и потешки случаи, како на пример осумгодишно девојче на кое веројатно ќе треба да му се ампутираат прсти, рече докторот.
