Актуелно

Ќе се врати ли Трамп на Фејсбук

Сопственикот на Фејсбук, компанијата „Мета“ се подготвува да објави дали на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм.

„Мета“ претходно објави дека до 7 јануари ќе одлучи дали ќе му дозволи на Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм.

Сепак, сега се очекува одлуката да биде објавена кон крајот на овој месец, објави Фајненшл тајмс, повикувајќи се на добро информиран извор.

Според информациите, „Мета“ формираше работна група која ќе се фокусира на тоа прашање, пренесе Ројтерс.

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, ја укина трајната забрана за пристап на Трамп до платформата во ноември минатата година, откако корисниците одлучија во анкета.

Трамп тогаш рече дека нема интерес да се врати на Твитер.

На почеток