Македонската ракометна репрезентација ја совлада екипата на Бахреин со 5 гола разлика. Македонија имаше одличен старт на натпреварот, поведе со 6-2 но потоа следуваше црн период, дури 11 минути не постигнавме гол, а Бахреин со серија од 5-0 дојде до водство од 7-6.
Во продолжението беше изедначено, но во финишот имавме серија од 5-0 и на полувремето заминавме со предност од 12:8.
“Одигравме максимално во одбраната, но во нападот бевме послаби. Ако нападот не го подобриме нема да имаме шанса со следниве екипи“, истакна по натпреварот репрезентативецот Филип Талевски.
„Подобро игравме во одбрананата, мислам дека Бахреин се мачеше во нападот. Последните 10, 15 мин игравме порелаксирано. Се надевеме дека утре ќе го дадеме најдоброто од нас. Утре е најважниот натпревар за нас. Хрватска е за нијанса посилна. Тие се фаворити, но ќе дадеме се од себе“, вели Филип Лазаров.
„Позитвни сме и има добра атмосфера. Хрватите никогаш не биле скромни, знам како тие ќе играат, тие мислат дека со овај начин на подготовка ќе стигнат многу далеку. Но, ќе пробаме и ние ќе го дадеме максимумот, на утрешниот натпревар со Хрватска“, истакна капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров.
Следен натпревар на Македонската решрезентација е утре во 18:00 часот, против репрезентацијата на Хрватска. После тоа имаат еден ден одмор.
