Груевски најави: На сите кои не можеа да ме смислат минатата, да им кажам дека годинава ќе им биде полоша
Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи ја честиташе Новата година и најави дека на сите оние кои не можеле да го издржат минатата година, оваа ќе им биде полоша
„Среќна нова 2023 година!
Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!
Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!
Бог нека е со Вас и со Македонија!
П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша“, напиша Груевски.