Актуелно

Медиуми: Лајчак, Ескобар, Плетнер и Бон по Божиќ во Белград

Претставници на ЕУ, САД, Франција и Германија треба да го посетат Белград по божиќните празници за да се забрза решавањето на косовското прашање, пишуваат медиумите.

Белград прво треба да го посетат специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лакчак и специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, заедно со претставниците на францускиот и германскиот претседател, Емануел Бон и Јенс Плетне,. додека потоа може да посетат и други функционери, според Новости. П

овикувајќи се на свои извори, тие понатаму наведуваат дека целта на тие посети е да се убеди српскиот државен врв да иницира политички преговори со Приштина, кои би се засновале на француско-германскиот предлог, односно предлогот на Европската унија за прашање на Косово.

Тие доаѓаат пред годишнината од почетокот на војната во Украина, на 24 февруари, што претставува неформален рок кога Белград и Приштина треба да се договорат барем за нацртот на идниот договор за нормализација на односите.

Foto: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

На почеток